1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтрујата ќе поскапи за 27 проценти од јануари? Еве како реагираат граѓаните,...

Струјата ќе поскапи за 27 проценти од јануари? Еве како реагираат граѓаните, но и експертите!

Жителите на Македонија се соочуваат со можна криза со електричната енергија, откако електроенергетските компании бараат зголемување на цената на струјата за неверојатни 27 проценти.

Ова би значело дека за едно семејство кое во зимските месеци плаќа околу 6.000 денари за електрична енергија, по новото покачување ќе плаќа 1.600 денари повеќе, односно сметката ќе изнесува 7.600 денари.

„Ова е апсурдно и неприфатливо. Како да плаќаме 27 проценти повеќе за струја кога платите не се зголемуваат, а цените на сè друго растат? Како да си го загрееме домот, да го наполниме фрижидерот, да го платиме интернетот? Ова е удар врз нашето семејство и нашето достоинство”, вели Стојанка Василевска, мајка на две деца, која живее во Скопје.

И експертите за енергетика сметаат дека зголемувањето на цената на струјата е неприфатливо. Тие велат дека Регулаторната комисија за енергетика треба да прегледа дали има зголемени трошоци и дали се неосновани или непредвидливи, и дека државата треба по секоја цена да ги заштити интересите на граѓаните.

Владата сè уште не се изјаснила за барањето на компаниите, но се очекува дека ќе се одржи состанок со нив во наредните денови, за да се најде решение за оваа спорна ситуација.

Во меѓувреме, расте незадоволството кај граѓаните, кои на социјалните мрежи дури се заканија дека ќе излезат на протести доколку се реализира поскапувањето на струјата.

Претседателот на РКЕ Марко Бислимовски вчера на прес-конференција рече дека почнуваат анализите за цената на струјата и дека до крајот на следната недела се очекува да се донесат цените за МЕПСО, МЕМО и за Електродистрибуција.

Барања поднеле овие три компании, но дел од нив, како што рече Бислимовски, не се целосни поради тоа што тендерот за набавка на електрична енергија за покривање на загубите кај МЕПСО треба да се реализира до крајот на оваа недела, а исто така и Електродистрибуција го доставила барањето пред да го реализира нивниот тендер поради што во нивното барање ги нема податоците за трошокот за набавка на електрична енергија за покривање на загубите. 

-Затоа РКЕ не може точно да каже колку МЕПСО побарал и колку има побарано Електродистрибуција. Исто така имаме информација кај тендерот за универзалниот снабдувач дека ЕСМ понудил цена и веќе тоа е цена која ќе се реализира од 57 евра за мегават час наместо претходните 53 евра за мегават час и наместо обезбедување на вкупните потреби од 100 проценти за домаќинствата и малите потрошувачи, ќе биде 95 проценти – појасни Бислимовски. 

Потоа согласно измените на Законот за енергетика, универзалниот снабдувач ќе треба да направи пресметки кои треба да ги достави на контрола во РКЕ.

Во таа контрола имаме право да донесеме и посебна одлука со точно утврдени забелешки и таа одлука ќе биде обврзувачка за универзалниот снабдувач – рече Бислимовски. 

Б.З.М.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП