27 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПретставен HTC One Max

Претставен HTC One Max

fablet one

Компанијата „HTC“ денеска и официјално го претстави „HTC One Max“, фаблетот со 5.9 инчен екран и слична алуминиумска обработка, како и кај водечкиот телефон на компанијата „HTC One“.

Иако претходно се шпекулираше дека „One Max“ би можел да биде претставен на саемот во Берлин, сепак „One Max“ доаѓа на пазарот со еден месец задоцнување и со неколку изненадувања.

„One Max“ ќе има скенер за отпечаток на прстот, но тој ќе се наоѓа на задната страна веднаш под камерата. Исто така, фаблетот ќе може да го прошири меморискиот простор со помош на „microSD“ картичка до 64GB.

fablet one1

Останатите карактеристики беа очекувани, 16GB или 32GB простор за складирање на податоци, „quad-core Snapdragon 600“ процесор, 2GB RAM, камера од 4MP и „Android 4.3“, „подобрен“ со „HTC Sense 5.5“. Eкранот е со големина од 5.9 инчи и е со резолуција од 1080p, a батеријата е од 3,300mAh.

Најавениот старт на продажбата на „HTC One Max“ во Европа и Азија е за некој ден, но се уште не е познато колку овој фаблет ќе чини.

fablet one 2

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП