1 мај, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАДали Новата година задоцни во Скопје?!

Дали Новата година задоцни во Скопје?!

Додека соседните земји и градови се подготвуваат за прослава на Новата година со богата и разновидна програма, Скопје сè уште нема објавено никаква програма за најлудата ноќ во годината. Втора година по ред, главниот град на Македонија изгледа мрачно и сиво, без новогодишна елка на плоштад, без сијалички, без новогодишна музика…

Оваа ситуација го разочарува и разлутува народот, особено скопјаните кои се чувствуваат занемарени и заборавени од градските власти.

Од прес-службата на Град Скопје изјавија дека на 15-ти декември Скопје ќе блесне со Новогодишна магија. Но дали тоа е задоцнето?

„Втора година по ред не можеме да се израдуваме на предновогодишна атмосфера, бидејќи и на неколку недели пред Новата година, главниот град е мрачен и сив како Готам. Нема новогодишна елка на плоштад, нема сијалички, нема новогодишна музика… Нема ништо! Се чувствуваме како да живееме во некоја заборавена пустелија, а не во европска престолнина”, вели Соња, скопјанка која работи како учителка.

Нејзиното мислење го делат и многу други граѓани, кои се жалат дека немаат каде да се забавуваат и да се опуштат во овој стресен период.

Некои од нив се одлучиле да го напуштат градот и да побараат новогодишна магија во соседството, каде што се нудат атрактивни и прифатливи аранжмани.

„Бев принуден да ги носам своите деца во Битола и во Крива Паланка само за да можат да почувствуваат барем мал дел од новогодишната атмосфера и да се фотографираат со Дедо Мраз. Тука во Скопје нема ништо за нив, нема ни една новогодишна манифестација, ни еден концерт, ни една игранка… Се чувствуваме како да сме во некоја изолација”, вели Бојан, татко на две дечиња.

Експертите од секторот за туризам велат дека ваквиот потег на градските власти буквално ги брка туристите од главниот град.

„Скопје треба да биде лидер во регионот. Скопје треба да ги привлече туристите со својата убавина, култура, историја, гостопримство, а не да ги тера да бараат други дестинации. Скопје треба да има новогодишна програма која ќе го задоволи секој вкус и ќе го претстави градот во најдобро светло. Скопје треба да се пробуди од овој кошмар и да се врати во живот”, вели Антонио, туристички агент.

За разлика од кај нас, градовите во регионот уште од октомври имаат објавено новогодишни програма, организирано новогодишен пречек на плоштадите и настап на многу музички ѕвезди.
Сите главни градови низ Европа веќе одамна се украсени, се одржуваат новогодишни базари и дедомразовци пеат и се сликаат со децата.

Б.З.М.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП