27 април, 2024
ПочетнаСВЕТИЗРАЕЛ И ПАЛЕСТИНЦИТЕ: Јужниот дел на Појасот Газа под силен напад

ИЗРАЕЛ И ПАЛЕСТИНЦИТЕ: Јужниот дел на Појасот Газа под силен напад

Вооружениот конфликт меѓу израелската армија и Хамас влезе во својот 67-ми ден. Израелските воздухопловни сили го бомбардираат јужниот дел на Појасот Газа, а палестинските медиуми јавуваат дека има жртви во Рафах. Четворица Палестинци загинаа при напад на израелско беспилотно летало врз градот Џенин на Западниот Брег, соопшти палестинското Министерство за здравство.

Расте бројот на загинати израелски војници

Израелските одбранбени сили објавија дека уште еден војник им подлегнал на повредите, со што бројот на загинати војници во борбите против Хамас во Појасот Газа се искачи на 105.

Генералното собрание на ОН гласа за резолуција за прекин на огнот во Газа

Генералното собрание на Обединетите нации ќе одржи седница подоцна во текот на денот на која ќе гласа за нацрт-резолуцијата со која се повикува на итен хуманитарен прекин на огнот во Газа.

Напад со дрон на Западниот Брег, има мртви

Четворица Палестинци загинаа при напад на израелско беспилотно летало врз градот Џенин на Западниот Брег, соопшти палестинското Министерство за здравство.

Блинкен: Израел не смее да дозволи ширење на конфликтот

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека е неопходно Израел да ги преземе сите неопходни чекори за да спречи ширење на конфликтот на Блискиот Исток.

„Блинкен телефонски разговараше со членот на воениот кабинет на Израел, министерот Бени Ганц, за тековните напори да се овозможи безбедно враќање на сите преостанати заложници, да се зголеми нивото на хуманитарна помош и да се спречи ширењето на конфликтот“, кажа портпаролот на Стејт департментот Метју Милер.

Според неговите зборови, Блинкен ја истакнал итната потреба од преземање позитивни чекори за деескалација на тензиите на Западниот Брег и нагласил дека Израел мора да ги преземе сите мерки за да избегне цивилни жртви.

„Блинкен истакна дека САД остануваат посветени на преземање опипливи чекори кон формирање на палестинска држава“, рече Милер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП