2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Huawei“ ќе ја гради првата фабрика во Европа

„Huawei“ ќе ја гради првата фабрика во Европа

Кинеската компанија „Huawei“ ќе започне со изградба на својата фабрика за мрежна опрема во Франција следната година, изјави за „Reuters“ извор запознаен со ова прашање.

Планот значи дека технолошкиот гигант ќе ја изгради својата прва фабрика во Европа во време кога некои европски влади ја ограничуваат употребата на опремата 5G на компанијата.

Според изворот, „Huawei“ уште во 2020-та година го претставил планот за изградба на фабрика со почетна инвестиција од 200 милиони евра, но проектот бил одложен поради пандемијата. Изворот зборуваше под услов да остане анонимен бидејќи не беше овластен јавно да зборува на оваа тема.

Тој не даде временска рамка кога фабриката во Брумат, во близина на Стразбур, ќе биде готова и ќе профункционира. „Huawei“ не одговори на барањата за коментар.

Сепак, извор од француската влада рече дека локацијата се очекува да биде отворена во 2025-та година.

Сето ова доаѓа во време кога европските влади ја ограничуваат или забрануваат употребата на опремата направена од „Huawei“ и кинеската „ZTE“, повикувајќи се на безбедносни причини.

Во исто време, европските лидери разговараат за тоа како да го „намалат ризикот“, но и да соработуваат со втората по големина економија во светот. Кина е трет најголем трговски партнер на Франција по Европската унија и САД.

Во 2020-та година, француската влада им кажа на телекомуникациските оператори во земјата кои планираат да купат опрема за 5G од „Huawei“ дека нема да можат да ги обноват лиценците за опремата откако ќе им истечат. Така ефективно ги натера да го исфрлат „Huawei“ од нивните мобилни мрежи.

Но, по состанокот со францускиот министер за економија Бруно Ле Мер во Пекинг во јули, кинескиот вицепремиер Хе Лифенг рече дека Франција одлучила да ги продолжи лиценците за 5G на „Huawei“ во некои градови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП