1 мај, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈААрсовска: Градот Скопје и оваа година ќе биде украсен, но за драстично...

Арсовска: Градот Скопје и оваа година ќе биде украсен, но за драстично пониска сума

На 15-ти декември Скопје ќе блесне со Новогодишна магија, велат од прес-службата на Град Скопје.

Од тука информираат дека градот ќе биде украсен, но за драстично пониска сума од она што досега секоја година се трошело на украсување на градот преку, како што се наведува, сомнителни набавки.

“Не ја разбирам потребата, веројатно во недостаток на останати аргументи и оваа година во истиот период како на тајмер, партиските војници да констатираат дека „Скопје е тажно“ и дека „Скопје нема да се накити“ за време на Новогодишните празници. Секоја година истите луѓе се демантирани. Не од нас, туку од граѓаните кои се фотографираат со Новогодишните украси во градот. За загрижените да информираме дека Градот Скопје и оваа година ќе биде украсен, но за драстично пониска сума од она што досега секоја година се трошело на украсување на градот преку сомнителни набавки. Некој треба да одговори како трошел по фирмички за китење годишно помеѓу 90.000 и 245.000 евра за украсување, пари на граѓаните кои завршувале во приватни џебови, а сега градот се кити за 30.000 евра”, вели градоначалничката Арсовска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП