19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКинески Qoros не се шегува, во план уште два модели

Кинески Qoros не се шегува, во план уште два модели

qoros1

Првиот производител на автомобили во Кина чиј модел освои пет ѕвезди на „EuroNCAP“ тестот најави развој на нови возила. Благодарејќи на флексибилната механичка платформа, „Qoros“ планира производство на лимузина од поголемата средна класа и кросовер возило со седум седишта.

Во „Qoros“ се ангажирани за реализација на првата фаза во продорот на автомобилскиот пазар во Европа. Моделот „3 Sedan“ постигна одлични резултати на тестовите за безбедност и така совлада уште една важна препрека на патот до европските купувачи. Планирано е во 2014-та година во интервал од шест месеци, да му се придружат и други два модели од семејството на компактни возила „Qoros 3 Cross Hybrid“ и „Qoros 3 Estate“.

qoros

Меѓутоа, Кинезите немаат намера тука да застанат. Главниот човек задолжен за дизајн, Германецот Герт Хилдебранд, најавува нови автомобили кои ќе бидат засновани на прилагодливата платформа која ја користат во компактните модели.

Хилдебранд појаснува дека платформата е доволно фелксибилна и дека меѓуосовинското растојание кое на моделот „3 Sedan“ изнесува 2.690 mm може да се намали за 50 мм или да се продолжи за 130 мм.

qoros2

Покрај тоа, можно е каросеријата да се намали преку тркалата за 70 мм или да се зголеми за 230 мм. Висината на моделите кои се базирани на оваа платформа исто така може да варира и до 200 мм.

Во „Qoros“ сликовито објаснуваат дека на тој начин гамата на нивни автомобили ќе може да ги покрие сегментите од „Volkswagen Golf“ дo „BMW 5“. За двата нови модели веќе постојат и цртежи, а станува збор за лимузина од повисоката средна класа и кросовер модел со три реда седишта кој во себе ги комбинира карактеристиките на возилата „MPV“ и „SUV“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП