10 ноември, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАОН ја повика Бугарија да ги гарантира правата на македонската етничка заедница

ОН ја повика Бугарија да ги гарантира правата на македонската етничка заедница

Комитетот за елиминација на расна дискриминација при Канцеларијата за човекови права на Обединетите нации во извештајот за Бугарија препорачува таа да ги разгледа сите можни средства за гарантирање на човековите права на припадниците на малцинските етнички заедници, вклучувајќи ги Македонската и Помачката, и да ги имплементира релевантните пресуди на Европскиот суд за човекови права што се однесуваат на правото на слобода на изразување и на здружување.

– Комитетот го зема предвид објаснувањето дадено од делегацијата на државата членка дека сите нејзини граѓани имаат право на самоидентификација, вклучително и за Македонците и за Помаците. Сепак, Комитетот е загрижен поради извештаите дека на членовите на македонските малцински групи им е забрането слободното остварување на правото на слобода на собирање и слобода на здружување. Комитетот изразува жалење за постојаните пречки и отежнувачките услови за регистрација на граѓански организации и пријавеното одбивање на регистрација на македонските здруженија од страна на Агенцијата за регистрација и од судовите, врз основа на нивното македонско самоопределување, наведуваат од Комисијата.

Во извештајот кој излезе во пресрет на одбележувањето на 75 години од Декларацијата за човекови права на ОН, Комитетот, исто така, препорачува државата-членка да ги отстрани сите бариери за регистрација на малцинските здруженија и да преземе мерки за да ги поттикне нивните активности и да соработува со нив.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП