28 април, 2024
ПочетнаСВЕТОтворена војна меѓу Хезболах и Израел

Отворена војна меѓу Хезболах и Израел

Насилството ескалира на границата меѓу Либан и Израел во неделата кога Хезболах испрати беспилотни летала со експлозиви и лансираше моќни ракети кон израелските позиции, а Израел изврши воздушни напади врз неколку градови и села во јужен Либан.

Израел и проиранскиот Хезболах разменуваат оган од почетокот на војната во Појасот Газа пред два месеци. Насилството е главно ограничено на пограничната област.

Израелските напади врз јужен Либан вклучија воздушни напади врз градот Аитарун, каде што беа уништени и оштетени многу куќи, јави либанската Национална новинска агенција NNA, без да прецизира дали има жртви. Израелската војска немаше коментар.

Високиот политичар на Хезболах, Хасан Фадлалах, во изјава оцени дека станува збор за „нова ескалација“, на што Хезболах одговара со нов тип на напад во однос на оружје и цели. Израелската војска објави дека „сомнителни воздушни цели“ преминале од Либан и дека две биле пресретнати.

Двајца израелски војници се здобиле со умерени повреди, а неколку други се здобиле со полесни повреди, соопшти израелската армија.

Израелски воени авиони извршија „голем број напади врз цели на Хезболах на либанска територија“. Сирени за тревога се огласија во неколку израелски населби во близина на границата. Жителите на Бејрут виделе два воени авиони како го надлетуваат градот.

Високиот функционер на Хезболах, шеикот Али Дамуш во неделата изјави дека Хезболах ќе продолжи со напорите „да го исцрпи непријателот и нема да запре додека не заврши агресијата врз Газа и Либан“. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху предупреди дека Бејрут ќе биде претворен „во Газа“ доколку Хезболах започне отворена војна.

Хезболах објави дека лансирал беспилотни летала со експлозив во израелската командна станица во близина на Јаара. Испукаа и ракети Буркан (Вукан) кои носат стотици килограми експлозив. Израелските воздушни напади беа пријавени на периферијата на либанското село Јарун, недалеку од локацијата на втората израелска позиција нападната од Хезболах во неделата.

Во воздушните напади биле искршени прозорците на куќите, продавниците и училиштата во блиското село Рмеиш, изјави Тони Елиас, свештеник од Рмејш. Повеќе од 120 луѓе загинаа во насилството на границата во Либан, вклучувајќи 85 борци на Хезболах и 16 цивили. Во Израел загинаа седум војници и четворица цивили

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП