POLESTAR 4 е прогласен за најубав сериски автомобил на годината, а Dacia Manifesto за најубав концептен автомобил, одлучи жирито на порталот Car Design News.
Тоа е една од најценетите награди од ваков вид, особено што ја оценува жири составено од 16 водечки дизајнери од познати студија ширум светот. На пример, оваа година во жирито беа Масимо Фрасчела, директор за дизајн на Jaguar Land Rover и Лиза Ривс, шеф на одделот за внатрешен дизајн на Volvo.
Polestar победи пред Kia EV9, Volvo EX30 и Jeep Avenger, убедливо: дури осум дизајнери го ставија тој модел на прво место. Од друга страна, успехот на Dacia Manifesto е уште поважен кога се знае дека тоа е само првиот концептен автомобил од оваа марка, кој е во процес на редизајнирање на својата гама. Инаку, најголеми конкуренти му беа Citroen Oli и Mercedes Vision One-Eleven.
Конечно, уште еден интересен факт: меѓу десетте финалисти, дури 4 биле кинески модели, а само три европски. Но, во концептуалната конкуренција дури осум модели беа од Европа, два од САД и ниту еден од Азија.