3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСава пензиско друштво е европски победник во категоријата на управувачи со средства...

Сава пензиско друштво е европски победник во категоријата на управувачи со средства до 1 милијарда евра

На овогодинешното доделување на престижните IPE (Investment & Pensions Europe) награди, кое се одржа во Виена, Австрија, Сава пензиско друштво е прогласено за победник во категоријата „Small pension fund“ (Мал пензиски фонд) која се однесува на управувачи со средства до 1 милијарда евра под управување.

„Јасниот фокус во комуникацијата со членовите, користењето на модерна технологија и привлечната содржина“ се главните аспекти според кои жири комисијата ја додели оваа награда на Сава пензиско друштво, препознавајќи ги предностите на нивното работење преку:

-вложувањата во професионален развој на вработените и подобрување на процесот на инвестирање;
-едукативен блог портал со содржини обезбедени од вработените; и
-мобилна апликација која им овозможува на членовите да ги ажурираат личните податоци.
Друштвото исто така влезе во најтесниот избор во категоријата „Equities“ (Акции) на ниво на Европа.  
„Посветеноста и експертизата на тимот добри луѓе кои работат одговорно и посветено и овој пат донесе огромен успех – победа на европско ниво. Ова признание нè охрабрува и обврзува и понатаму да продолжиме со успешно работење во интерес на членовите и пензионираните членови на фондовите со коишто управуваме“.

IPE (Investment & Pensions Europe) веќе 23 години ја наградуваат извонредноста, разновидноста и иновативноста во работењето на пензиските фондови на европскиот континент. Самиот настан претставува најголем годишен собир на пензиските друштва и компаниите за управување со средства во Европа.

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП