Google го најави лансирањето на својот досега најмоќен модел на вештачка интелигенција наречен Gemini, кој според тврдењата на компанијата го надмина генеративниот систем GPT-3.5 на Open Al.
Gemini ќе биде достапен во три различни големини, кои се најголемиот и најмоќниот Gemini ultra, Gemini pro, кој има широк опсег на употреба и Gemini nano, кој се користи за специјални задачи и мобилни уреди, пренесува CNN.

