3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАSkype под истрага во Луксембург

Skype под истрага во Луксембург

skypee

Сервисот за бесплатно телефонирање „Skype“ се најде под истрага на правосудните органи на Луксембург, а причината за тоа е откривањето на податоци на Американската национална агенција за безбедност (NSA).

„Skype“ поради даночните олеснувања има седиште во Луксембург, чии Устав го гарантира правото на приватност и прислушкувањето на комуникациските канали може да се изврши само со судска дозвола. Па поради тоа, како што пренесуваат медиумите, властите на оваа земја започнале истрага во врска со тоа.

„NSA“ влегла во системот за „VOiP“ повиците уште во јули минатата година, а самиот „Microsoft“ најверојатно и овозможил на „NSA“ пристап до електронските пошти на своите корисници.

Официјални извори од Луксембург и „Microsoft“ одбија да ја коментираат истрагата, а медиумите шпекулираат дека власта најверојатно на одреден начин ја казнила компанијата без знаење на јавноста.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП