2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Apple“ повторно вреди над 3 трилиони долари

„Apple“ повторно вреди над 3 трилиони долари

Американската технолошка компанија „Apple“ во вторникот го заврши тргувањето на берзата со пазарна капитализација која надмина 3 трилиони долари за прв пат од август. Ова се случи откако цената на акциите на гигантот порасна за 2% до 193,42 долари по акција, пишува „CNBC“.

Капитализацијата на „Apple“ официјално ја надмина границата од 3 трилиони долари за прв пат во јуни годинава, но накратко достигна 3 трилиони долар и во декември 2022-ра година во текот на дневното тргување. Акциите на „Apple“ достигнаа највисоко ниво на сите времиња на 31-ви јули и таа и понатаму е најценетата јавна компанија во САД.

Ова достигнување е знак на издржливоста на „Apple“. Цената на акциите на производителот на „iPhone“ се зголеми за повеќе од 48% досега оваа година, иако компанијата го намалува вкупниот број на акции преку откуп.

Инвеститорите го гледаат „Apple“ како упориште со значителен готовински тек, глобално популарни производи и силни програми за враќање на акционерите, иако компанијата се бори со забавување на растот и проблеми на пазарите како Кина.

За фискалната 2023-та година на „Apple“, која започна минатиот октомври, компанијата пријави 383,29 милијарди приходи, што е за 3% помалку од претходната година.

Покрај тоа, „Apple“ предупреди во ноември дека не очекува раст на приходите од година во година за најважниот последен календарски квартал од годината, кој ја вклучува првата продажба на „iPhone 15“. Следната година, „Apple“ ќе го лансира своите очила за вирутелна реалност – „Vision Pro“, нејзината прва голема компјутерска платформа од воведувањето на „Apple Watch“ во 2014-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП