Пред месец и половина YouTube претстави повеќе од 20 нови опции и надградби за својот видео сервис. Една од овие новини, за која досега не се зборува, е промената на начинот на прикажување на прегледите и лајковите на видеата. Досега корисниците се навикнати овие бројки да бидат статични, односно секогаш кога ќе отворите видео, под него ќе видите податоци за бројот на прегледи, како и за бројот на лајкови што ги добил, но овие бројки не би се менувале во текот на репродукција.
Компанијата започна со тестирање на нов, динамичен приказ за следење на овие податоци, така што бројот на прегледи и лајкови се менува во реално време. Засега оваа опција се тестира само кај дел од корисниците, додека некои се достапни од октомври, но за тоа до сега не се пишуваше. Неодамна динамичниот бројач на прегледи и лајкови стана достапен за многу поголем број луѓе, па за него почнаа да пишуваат и технолошките медиуми. Овие бројки се менуваат и кога видеото е паузирано, а бројачот се прикажува на веб-верзијата на YouTube, како и на апликациите за мобилни уреди напојувани од Android, како и за телефоните и таблетите на Apple.

