28 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАДали сакате да го испратите вашето име во вселената? Сега имате шанса...

Дали сакате да го испратите вашето име во вселената? Сега имате шанса да го сторите тоа

Вселенското летало Europa Clipper на НАСА наскоро ќе тргне на епско патување до месечината на Јупитер, Европа за да открие дали има знаци на живот на ледениот џин.

Според НАСА, мисијата ќе им помогне на научниците подобро да го разберат астробиолошкиот потенцијал за светови погодни за живот како Земјата.

Сепак, иако ова е првенствено научна мисија, НАСА одлучи да и даде можност на јавноста да остави свој белег. Тие ги поканија сите заинтересирани да се пријават за проектот „Порака во шише“ и да го напишат своето име на микрочипот што ќе биде инсталиран во леталото. Станува збор за силиконски микрочип со големина на монета од едно евро, а секоја линија текст ќе биде само 75 нанометри. Во превод, помалку од една илјадити дел од дебелината на човечкото влакно.

Досега се пријавиле над 450.000 лица. Значи, сè уште имате време и простор да аплицирате.

Покрај имињата на сите што ќе се пријават на официјалната веб-страница до 31 декември 2023 година, на Јупитер и Европа ќе биде испратена и песна напишана од американската поетеса Ада Лимон.

Поемата, објаснуваат тие, поврзува два водени света – Земјата, која сака да разбере што го прави светот погоден за живеење и Европа, чии тајни допрва треба да ги откриеме.

Самата песна ќе биде врежана на леталото, а заедно со микрочип со имињата на пријавените ќе патува речиси 2,9 милијарди километри до Јупитеровата Европа. Вселенското летало Европа Клипер треба да биде лансирано од вселенскиот центар Кенеди на НАСА во октомври 2024 година, а до 2030 година треба да стигне до Јупитер.

Неговата цел, во текот на неколку години орбитации околу Јупитер и Европа, е да собере детални мерења и податоци, за научниците да утврдат дали таа месечина е воопшто погодна за секаков вид на живот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП