2 мај, 2024
ПочетнаСВЕТПутин на турнеја по Блискиот Исток, главна мисија - нафта

Путин на турнеја по Блискиот Исток, главна мисија – нафта

Рускиот претседател Владимир Путин утре ќе престојува во работни посети на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Саудиска Арабија, каде, според портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, со лидерите на тие две земји ќе разговара за координирани акции на светските пазари на нафта.

На новинарско прашање дали ова ќе биде главна тема на турнејата на Путин на Блискиот Исток, Песков одговори дека такви дискусии веќе имало во рамките на групата ОПЕК+, но тоа прашање е секогаш на дневен ред, како што рече.

„Овие дискусии се одржуваат во форматот ОПЕК+, но, се разбира, интеракцијата во оваа област е секогаш на агендата“, рече Песков.

Посетата доаѓа откако ОПЕК + минатиот четврток се согласи доброволно да ги намали глобалните резерви на нафта за вкупно околу 2,2 милиони барели дневно.

Во Саудиска Арабија, земјата која е најголем светски извозник на нафта, Путин ќе разговара со саудискиот престолонаследник Мухамед бин Салман, со кого, како што пренесува порталот SHOT, има многу добри односи.

Главниот град на ОАЕ Дубаи, првата дестинација на патувањето на Путин на Блискиот Исток, стана важен деловен и трговски центар за руските нафтени компании, вклучувајќи го и вториот по големина руски производител Лукоил, кој пресели дел од своите деловни операции во Дубаи поради санкциите од Западот наметнати на Русија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП