5 мај, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАКаратист од Велес е еден од осомничените за убиството на Вања

Каратист од Велес е еден од осомничените за убиството на Вања

Пет лица се осомничени за убиството на Вања Ѓорчевска, а меѓу нив е и каратист од Велес.

Велешкиот спортист Боре Видевски, кој е во притвор, е уапсен во неговата спортска школа за боречки вештини.

Видовски е еден од тројцата приведени осомничени, меѓу кои се Велибор Манев и Влатко Кешишев. Освен за киднапирање, сите тројца се осомничени за двојно убиство – 14-годишното девојче Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски, фризер од Велес. Тие во понеделникот наутро добија притвор до 48 часа.

На распитот го откриле времето кога е убиена Вања, и кога е убиен Панче.

„Го имаме признанието на осомничените кој е за што одговорен“, изјави вчера обвинителот Гаврил Бубевски.

Според Бубевски, тие во своите изјави рекле дека ја убиле Вања затоа што работата излегла од контрола.

„Тоа е нивната верзија“, додаде Бубевски.

Видевски на своите профили објавувал фотографии со децата кои ги тренирал боречки вештини.

Засега не се знае каква била неговата улога во киднапирањето, а властите вчера на прес-конференција соопштија дека осомничените признале што направиле во случајот што го шокираше Балканот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП