13 мај, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАИнтерпол трага по двојниот убиец Палчо, објавена меѓународна потерница

Интерпол трага по двојниот убиец Палчо, објавена меѓународна потерница

Љупчо Палевски Палчо од вечерва е објавен на веб страницата на МВР дека се бара со потерница.

„Љупчо Палевски род.12.12.1964 год. во Скопје се бара со меѓународна потерница за истрага за кривични дела „грабнување” и “убиство“ по издадена наредба XV KO бр 3047/23 од Основното јавно обвинителство Скопје“, стои во објавата на МВР.

По него МВР веднаш имаше распишано централна потерница, но од вечерва распишана е и меѓународна потерница што значи дека во потрагата се вклучува и Интерпол.

Инаку Палчо заедно со неговиот адвокат ја напуштиле Македонија, се упатиле во Србија, а потоа и во Бугарија. Но бугарското МВР нема податоци дека тој се наоѓа на територијата на Бугарија, пренесуваат бугарските медиуми.

Тој е посочен како организатор и реализатор на убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевски и на 74-годишниот Панче Жежовски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП