30 април, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАПрес на Спасовски и Бубевски: Таткото инволвиран во киднапирањето на девојчето(ЖИВО)

Прес на Спасовски и Бубевски: Таткото инволвиран во киднапирањето на девојчето(ЖИВО)

Прес-конференција на министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски и Основниот јавен обвинител на ОЈО Скопје Гаврил Бубевски за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска.

Основниот јавен обвинител на ОЈО Скопје, Гаврил Бубевски изјави дека имаат искази за „тоа излегување од контрола за ова дејствие“, односно убивањето на 14-годишната Вања неколку часа по нејзиното киднапирање.

„Нивните укажувања зборуваат дека имале некаква паника заради тоа што јавноста била целосно ангажирана во барањето на детето. Едниот од нив решил во тој момент дека парите ќе ги бараат подоцна и решава во тој момент да ја ликвидира. Се уште ги немаме прибрано сите информации, и за нас е малку нејасно кога мотивите се од користољубива природа, во истиот момент да лишиш некого од живот“, рече Бубевски.

Времето на лишување од живот е според осомничените, а конечните детали се очекуваат од обдукцијата, додаде обвинителот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП