3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Danone“ ја зголеми годишната прогноза по подобрата од очекуваната продажба

„Danone“ ја зголеми годишната прогноза по подобрата од очекуваната продажба

Производителот на млечни производи „Danone“ ја зголеми својата прогноза за годината откако продажбата во третиот квартал беше подобра од очекуваното, поддржувајќи ги акциите, пишува „Bloomberg“.

Француската компанија очекува продажбата да се зголеми до 7% во оваа година, што е над горниот дел од претходниот опсег на прогнози. Акциите на производителот пораснаа за 1,7% за време на тргувањето во Париз, откако претходно растот на цената беше 2%.

Резултатите покажуваат дека промените во компанијата почнуваат да вродуваат со плод, коментираат аналитичарите. Додека обемот и мешавината – мерка за поместувањето на потрошувачите кон опции со повисоки или пониски цени – се намалија минатиот квартал, компанијата очекува раст во последниот квартал од годината.

„Ова се корисни резултати за еволуирачката приказна на „Danone““, рече Моли Виленек, аналитичар во „Jefferies“, истакнувајќи дека има „подобрување на моментумот во клучните области на фокусот“.

Главниот извршен директор Антоан де Сен-Африк ја презеде функцијата по низата под очекуваните резултати по соборувањето на Емануел Фабер во 2021-ва година и ги одврати купувачите од премиум производите.

Приходите на компанијата се зголемени за 6,2% до 6,9 милијарди евра на годишна основа во третиот квартал, се вели во соопштението на компанијата. Ова е над очекувањата на аналитичарите.

Бизнисот со вода, кој вклучува брендови како „Volvic“ и „Evian“, беше најбрзо растечки, забележувајќи раст на продажбата од 7%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП