5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Купив сè одеднаш, од шраф до цигли“ – сега е вистинско време...

„Купив сè одеднаш, од шраф до цигли“ – сега е вистинско време да вложите во градежен материјал

Трошоците за градба на објекти во Македонија се зголемени во текот на последните неколку години, говорат податоците на Државниот завод за статистика. Ова значи дека граѓаните кои сакаат да изградат свој дом или викендица треба да платат повеќе за градежните материјали, кои се поскапи поради високата побарувачка, недостатокот на суровини и влијанието на војната во Украина.

Економските експерти велат дека трошоците за градба на објекти практично ги пумпаат цените на становите, бидејќи инвеститорите ги пренесуваат своите трошоци на купувачите.

„Цените на становите во Скопје се зголемени во последните две години, а тоа е резултат на зголемените трошоци за градба, но и на зголемената побарувачка за станбен простор“, објаснува професор на Економскиот факултет во Скопје.

Некои граѓани се обидуваат да ги намалат своите трошоци за градба со купување на градежните материјали однапред и чување на истите во изнајмен објект.

Еден таков пример е Филип Дојчинов, скопјанец кој годинава започнал изградба на викендица во селото Побожје на Скопска Црна Гора.

Тој вели дека сите градежни материјали одеднаш ги купил и дека ги чува во изнајмен објект.

„Во консултација со повеќе експерти од областа на набавката на градежните материјали, сфатив дека сега е време да ги купам сите потребни материјали по пониска цена, бидејќи во иднина цената на материјалот може само да расте. Одеднаш фрлив над 10.000 евра и купив од шраф до цигла“, вели Дојчинов.

Според него, ова е начин да се заштедат пари и да се избегне стресот од непредвидливите зголемувања на цените на градежните материјали.

„Не сакам да ризикувам и да чекам цените да паднат, бидејќи во моментов поголеми се шансите да скокнат цените. Сега знам дека имам сè што ми треба за да ја изградам викендицата, а не морам да се грижам за тоа дали ќе има достапни материјали или дали ќе можам да ги прилагодам трошоците на мојот буџет“, додава тој.

Денар уште пред два месеца пишуваше за тоа дека сега е одлично време да ги реализирате посакуваните градежни проекти, бидејќи само цената на железото е намалена за 40 проценти.

Експертите и тогаш предупредуваа дека намалувањето на цената на железото не треба да се смета за траен феномен, туку само како привремена состојба која треба да се искористи.

„Цените на железото се подложни на големи поместувања во зависност од глобалната политичка и економска состојба. Затоа, треба да се искористи ова намалување како шанса за развој и модернизација на земјава“, велат експертите.

Б.З.М.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП