По пакетот „H650“ објавен на почетокот на годината, легендарниот тјунер со седиште во државата Тексас покажа уште побрутална верзија на „Escalade“.
Со неодамна лансираниот тјунинг комплет за моторот „H1000“, огромниот американски теренец добива монструозни 1005 коњски сили и скоро 1200 њутн метри максимален вртежен момент.

Со 6,2-литарски V8 со механички компресор, кој генерира 682 ks и 885 Nm, стандардниот „Escalade-V“ може да се нарече како било, но не скромен или недоволно моќен. Специјалното издание на „Hennessey“ добива систем за довод на воздух со висок проток, прилагодено брегаста осовина, целосно модифициран издувен систем, нови катализатори и нови вентили за довод. Комплетот „H1000“ доаѓа со тригодишна гаранција.
Зголемувањето на моќноста вклучува и подобрувања на суспензијата, управувањето и системот за сопирање, така што однесувањето на автомобилот се совпаѓа со променетите карактеристики.
