НЛБ Групацијата и нејзината компанија членка НЛБ Склади склучија купопродажен договор со компанијата Генерали Инвестментс за купување на мнозинскиот сопственички удел на компанијата Генерали Инвестментс АД Скопје. Завршувањето на трансакцијата се очекува во првата половина на следната година.

„Северна Македонија е еден од стратешки најважните пазари за НЛБ Групацијата. Групацијата може да се пофали со силно присуство овде. НЛБ Банка Скопје е трета по големина банка на Групацијата во однос на вкупната актива, а во исто време со пазарен удел од повеќе од 16% во однос на вкупната актива и пазарно учество од повеќе од 20% во однос на кредитите на населението или депозитите заземаат системски важна позиција. Од друга страна, гледаме многу можности за раст. Затоа веќе основавме компанија за лизинг во Северна Македонија пред речиси точно една година, а сега го надополнуваме нашето портфолио на производи со услуги за управување со средства“, објасни претседателот на Управниот одбор на НЛБ, Блаж Бродњак, додавајќи: „Дека дојде време за ново поглавје во инвестициските активности што им ги нудиме на нашите клиенти не треба да биде изненадување за секој кој внимателно ги следи нашите деловни одлуки. Постојано нагласуваме дека ги следиме пазарните услови и ги анализираме потенцијалните можности за тактички спојувања и превземања кои би можеле да ја зголемат додадената вредност за нашите засегнати страни“.

