10 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако да му се допаднете на вашиот потенцијален работодавец?

Како да му се допаднете на вашиот потенцијален работодавец?

intervju8

Денес секој човек кој бара работа мора да најде начин да се истакне и да импресионира потенцијален работодавец. Што е разликата од оние кои ја добиле работата до оние кои за жал мора да продолжат со потрагата?

Најчесто е една од следниве три работи.

1. Способноста да докажете дека сте достојни за тоа работно место

Една работа е да се наречете успешен лидер или извонреден комуникатор, а сосема друго е кога поднесуваме докази што ќе го поддржат ова тврдење. Работодавецот сака да знае што ќе понудите доколку ве вработи, и сигурно ќе бидат забележани оние кои ќе дадат примери на нивниот успех во минатото или сегашната работа. За да бидете еден од нив, треба добро да ја проучите вашата биографија и размислете за тоа во што сте подобри од останатите, и кои се вашите достигнувања во таа работа.

2. Повеќе од добро познавање на фирмата каде што одите на интервју

Кандидатот секогаш треба добро да ја испита веб-страницата на компанијата која има објавено оглас за работа, а во тоа може да му помогнат и финансиските извештаи и соопштенијата за јавноста. Експертите велат дека  исто така е добро да биде познато мотото или визијата на компанијата, производите, она по што се издвојува на пазарот, менаџментот и нивната историја, конкуренцијата, и цената на акциите на компанијата.

3. Ентузијазам

Доколку потрошите време на прикажување на својата вредност, и ја истраживте историјата на компанијата комплетно, големи се шансите дека ќе станете она на што работодавецот не ќе можат да одолее – ентузијаст кандидат.

Како ентузијазам се појавува на површината? Прво е видлив во интересот на самото интервјуто, покажува љубопитност на кандидатот во врска со одговорностите што го чекаат, причините зошто тоа работно место е отворено,  итн. Работодавците сакаат да вработуваат луѓе кои покажуваат страст и ентузијазам за работа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП