А1 Македонија започнува Новогодишна промоција со која корисниците добиваат можност да ја дочекаат новата година со неограничена комуникација, уште повеќе содржини, многу ТВ уреди и мобилни уреди по најповолни цени. Дополнително, во духот на новогодишното дарување, за сите корисници на апликацијата Мојот А1, компанијата доделува подароци од широкото портфолио продукти вклучувајќи го и најновиот iPhone 15.
“Годината ја завршуваме со една од најатрактивните празнични промоции досега, со која корисниците на услугите добиваат уште повеќе бенефиции за неограничена комуникција. Нашата намера е да ги разубавиме празниците за нашите корисници и да ја дочекаат новата година непречено споделувајќи ги убавите мигови со своите најблиски. Новогодишната A1 Combo е богата со атрактивни смартфони што корисниците можат да ги добијат понајповолни услови. Празниците се за дарување и затоа ние во А1 даруваме на сите корисници на Мојот А1”, изјави Методија Мирчев, Извршен директор во А1 Македонија.



