3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија буквално ни ја краде работната сила – голем број вредни Македонци...

Германија буквално ни ја краде работната сила – голем број вредни Македонци наскоро ќе ја напуштат земјава

Германија неодамна воведе низа нови олеснувања за работници од трети земји, вклучувајќи ja и Македонија.

Според новиот закон за имиграција на стручни кадри, сите лица со високо образование или квалифицирано занаетчиско образование можат да аплицираат за работна виза во Германија, без да треба да докажуваат дека имаат понуда за работа или дека знаат германски јазик.

Ова значи дека многу академци и луѓе со високи квалификации од трети земји ќе можат со Сината карта на ЕУ да доаѓаат во Германија – без проверка на приоритет, односно без проверка дали за истата позиција се достапни Германци или граѓани на ЕУ, како и без докажување на познавања на јазикот.

Оваа промена во законодавството ја отвора вратата за многу Македонци кои сакаат да се преселат и да работат во Германија, земја со една од најсилните економии во Европа и во светот.

Според социолозите, ваквите измени ќе предизвикаат нов голем бран на иселеници од Македонија во Германија.

„Македонија веќе се соочува со сериозен проблем на иселување, особено на младите и образованите луѓе. Со овие олеснувања, очекуваме дека овој процес ќе се забрза и засили, бидејќи Германија нуди многу подобри услови за работа и живот од Македонија. Ова може да има негативни последици за нашето општество, како што се загуба на човечки капитал, стареење на населението и намалување на економскиот раст“, велат социолозите.

Еден од оние кои чекаат секој момент да го повикаат него и неговото семејство (сопруга и две малолетни деца) да се преселат во Германија е 27-годишниот Роберт, полицаец од Скопје.
Тој вели дека во меѓувреме завршил медицински курс, па наскоро ќе работи во дом за стари лица во Берлин.

„Одам во Германија заради подобра иднина за мене и за моето семејство. Тука не можам да напредувам како полицаец, а платата ми е многу мала. Во Германија ќе имам поголема плата и повеќе можности за образование и кариера. Се надевам дека ќе се прилагодиме брзо на новата средина и дека ќе живееме среќно“, вели Роберт.

Новиот закон за имиграција на стручни кадри е дел од стратегијата на Германија да ги реши своите проблеми со недостаток на работна сила, посебно во областите на здравството, ИТ и инженерството.
Според тамошните власти, Германија има потреба од околу 400.000 стручни кадри годишно од трети земји. Затоа, Германија ги кани сите квалифицирани работници од целиот свет да се придружат на нејзиниот трудов пазар и да придонесат за нејзиниот развој.

Предноста на новиот закон за висококвалификувани професионалци од земји надвор од ЕУ е што во иднина со себе ќе можат да ги носат не само сопружниците и децата, туку и родителите.
Предуслов, сепак, е да имаат обезбедено средства за живот оти во Германија нема да можат да живеат од социјална помош.

Б.З.М.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП