3 мај, 2024
ПочетнаСВЕТПо обиколката Нетанјаху и Маск одржаа состанок

По обиколката Нетанјаху и Маск одржаа состанок

Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху денеска го прими американскиот милијардер Илон Маск во неговата канцеларија во Кнесет, по посетата на Кибуц Кфар Аз.

Нетанјаху му покажа на Маск делови од филмот подготвен од портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ) во кој се прикажани злосторствата и масакрот извршени од Хамас на 7 октомври, се вели во соопштението од кабинетот на премиерот, пишува The Times of Israel.

Потоа одржаа проширен состанок на кој разговараа за вештачката интелигенција од безбедносни аспекти.

На средбата присуствуваа високи претставници од безбедносните институции и лидери од областа на вештачката интелигенција и сајбер безбедноста, се додава во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП