1 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Audi“ официјално се прости од „TT“

„Audi“ официјално се прости од „TT“

За многумина ова е прилично тажна вест – дојде време да се збогуваме со „Audi TT“.

Првпат претставен на Саемот за автомобили во Франкфурт во 1995-та година, првата генерација на моделот излезе во продажба три години подоцна како купе, а исто така и како роудстер лансиран во 1999-та година.

По речиси 26 години производство и три генерации подоцна, последниот „Tourist Trophy“ излезе од производната лента во фабриката на „Audi“ во Ѓер, Унгарија.

Од 18-ти февруари 1998-ма година до 10-ти ноември 2023-та година, марката со четирите прстени на амблемот направи вкупно 662.762 автомобили од иконскиот модел.

Најновиот пример од оваа раса е „TTS Coupe “со 2.0-литарски турбо бензински мотор и Quattro погон на четири тркала. Во автомобилскиот свет во кој доминираат кросовери и теренци, сосема е неверојатно што „TT“ успеа да преживее четвртина век.

Тажната слика на последниот склопен автомобил од моделот не е придружена со соопштение за медиумите – соопштението го објави „Audi“ на официјалниот германски „Instagram“ профил на марката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП