13 декември, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАМНР треба да одлучи дали ќе дозволи слетување на Лавров во Скопје

МНР треба да одлучи дали ќе дозволи слетување на Лавров во Скопје

На денешната владина седница Владата донесе дополнување на одлуката за воведување рестриктивни мерки во поглед на активностите на Руската Федерација, со која се ограничува пристапот на авионот на Руската Федерација, а во согласност со регулативата на Советот на ЕУ од заедничката надворешна и безбедносна политика на Унијата, со која Република Северна Македонија е целосно или 100 % усогласена, информираат од МНР.

Преку ова дополнување, како што е појаснето, Владата им пренесе овластување на надлежните министерства сами да може да одлучат за издавање одобрение за прелет и слетување на рускиот авион за време на одржување на триесеттиот министерски состанок на ОБСЕ во Скопје во период од 29 ноември до 1 декември 2023 година.

Дополнувањето е во согласност со регулативата на ЕУ и одредбите во самите рестриктивни мерки со кои за меѓународните конференции, како што е ОБСЕ, се предвидени исклучоци за предметните рестрикции, велат надлежните.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП