Серијата телефони „Redmi Note 13“ неодамна беше лансирана во Кина, а линијата сега се подготвува за глобалниот пазар.
Веќе има „Redmi Note 13 Pro“ со поддршка за 5G и процесор Snapdragon 7s Gen 2, а сега дознавме дека „Xiaomi“ подготвува уште една верзија на телефонот. Телефонот за кој станува збор е ограничен на LTE поддршка.
И двата телефони ги добија своите сертификати, со ознаки „Redmi Note 13 Pro“ и „Redmi Note 13 Pro 5G“, што укажува дека се работи за различни телефони, наменети за различни мрежи.
Моделот „Xiaomi Redmi Note 13 Pro“ со LTE поддршка досега не се појави, па не се знае што може да се очекува од него, освен промената на чипсетот.
„Redmi Note 13 Pro“ во Кина има 6,67-инчен OLED екран со резолуција од 1220p и стапка на освежување до 120Hz. Главната камера на задната страна е со резолуција од 200MP, а се се напојува од батерија со капацитет од 5100mAh, со поддршка за брзо полнење од 67W.
Останува да видиме по која цена ќе биде достапен на пазарите во Европа, особено ако се знае дека почетната цена на телефонот во Кина е под 200 долари.