4 јули, 2025
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАSony го претстави Xperia Z1 f mini

Sony го претстави Xperia Z1 f mini

zf sony

Пред неколку години паметните телефони со екран од 4.3 инчи се сметаа за големи. Но не и денес, кога компаниите објавуваат мини верзии на свои уреди кои имаат таква дијагонала. Последната од нив е „Xperia Z1 f“ на „Sony“.

За овој уред се појавија многу шпекулации во последните недели, сепак телефонот беше и официјално претставен во Јапонија. Интересно е дека „Sony“ ја смени само големината на екранот во мини верзија на својот предводник, моделот „Xperia Z1“. Од 5 инчи дијагонално е намален до 4.3 инчи. Резолуцијата исто така забележува пад од 1280 на 720 пиксели.

За сметка на тоа, хардверот останува ист – чип „Qualcomm Snapdragon 800 quad-core“ процесор на 2.2 GHz, 20,7 MP камера, како и 2 GB RAM меморија. Оперативниот систем е „Android 4.2.2 Jelly Bean“.

Интересно е дека „Xperia Z1 f“ ќе се продава во неколку бои – црна , бела, розова и жолта. Уредот ќе дебитира во декември во Јапонија, но се уште не е познато дали ќе се појави во Европа. Но се очекува овој покомпактен, но моќен топ смартфон да го привлече интересот на доста корисници на нашиот континент.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар