3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАШто мисли Бил Гејтс за растот на вештачката интелигенција во нашите животи

Што мисли Бил Гејтс за растот на вештачката интелигенција во нашите животи

Во разговор со Тревор Ноа на подкастот „What Now?“, ко-основачот на Мајкрософт и милијардер Бил Гејтс го изрази своето верување дека технологијата можеби нема да ги замени луѓето, но може да овозможи работна недела од само три дена.

Гејтс истакна дека во иднина може да се случи луѓето „да не мора да работат толку напорно“.

„Ако на крајот создадеме општество каде што е доволно да се работи само три дена во неделата, тоа е веројатно во ред“, рече Гејтс.

Тој вели дека постои сценарио каде што „роботите можат да произведуваат храна и други потреби“, дозволувајќи им на луѓето да не мора да работат пет дена или повеќе за да ги заработат основните животни потреби.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП