13 мај, 2025
ПочетнаСВЕТПутин со лидерите на Г20: „Потребно е да се размислува за начин...

Путин со лидерите на Г20: „Потребно е да се размислува за начин како да се стави крај на трагедијата на војната во Украина“

Рускиот претседател Владимир Путин денеска им порача на лидерите на 20-те најразвиени земји во светот (Г20) дека е неопходно да се размислува за начин како да се стави крај на „трагедијата“ од војната во Украина.

Путин изјави дека некои лидери на Г20 на виртуелната средба, организирана од индискиот премиер Нарендра Моди, рекле дека се шокирани од руската „агресија“ против Украина и рече: „Се разбира, воените дејствија секогаш се трагедија“.

„Никогаш не сме одбиле мировни преговори со Украина“

Се разбира, треба да размислиме како да ја запреме трагедијата, рече Путин, тврдејќи дека Русија никогаш не ги одбила мировните преговори со Украина, пренесува Ројтерс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП