4 мај, 2024
ПочетнаСВЕТХамас ги објави деталите за договорот со Израел

Хамас ги објави деталите за договорот со Израел

Хамас излезе со соопштение за договорот со Израел.

„По неколкудневни преговори, објавуваме, со помош и водство на семоќниот Алах, постигнување договор за хуманитарно примирје (привремен прекин на огнот) во траење од четири дена. Овој резултат е потврда за упорните и пофални напори на Катар и Египет“, се вели во него.

Во соопштението за медиумите се набројани следните услови од договорот:

  • прекин на огнот во Газа;
  • зголемен влез на камиони со хуманитарна и медицинска помош и гориво во сите делови на Појасот Газа;
  • ослободување 50 заложници, израелски жени и деца помлади од 19 години, во замена за ослободување 150 палестински жени и деца во израелските затвори;
  • нема израелски воздушен сообраќај во јужниот дел на Газа четири дена;
  • Израелците немаат воздушен сообраќај во северниот дел на Газа шест часа дневно, од 10 до 16 часот;
  • слобода на движење за цивилите, особено по патот „Салах ал-Дин“.

„Условите на овој договор беа формулирани со визија да му служиме на нашиот народ и да ја зајакнеме неговата непоколебливост пред агресијата, секогаш имајќи ги на ум жртвите, страдањата и грижите“, рече Хамас, а пренесува „Скај њуз“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП