28 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАСапуницата продолжува: Пет дена откако беше отпуштен, Сем Алтман се враќа во...

Сапуницата продолжува: Пет дена откако беше отпуштен, Сем Алтман се враќа во OpenAI

Сем Алтман ќе се врати како извршен директор на OpenAI откако развивачот на ChatGPT рече дека „постигнал начелен договор“ да се врати во компанијата, пишува Гардијан.

Компанијата со седиште во Сан Франциско го објави ова по неколкудневната корпоративна драма што следеше по ненадејното отпуштање на Алтман во петокот. Речиси сите 750 вработени на OpenAI се заканија дека ќе дадат отказ доколку одборот не го врати Алтман.

„Постигнавме начелен договор Сем Алтман да се врати во OpenAI како извршен директор со нов одбор составен од Брет Тејлор (претседател), Лери Самерс и Адам Д’Анџело. Работиме заедно за да ви ги откриеме деталите. Ви благодариме многу за трпението“, напиша OpenAI на својот официјален X профил, според Гардијан.

Алтман набргу потоа објави: „Го сакам OpenAI, и сè што направив во изминатите неколку дена беше во функција на одржување на овој тим и неговата мисија заедно“. „Со нетрпение очекувам да се вратам на OpenAI“, додаде тој.

Алтман беше отпуштен во петокот од бордот на непрофитната матична компанија OpenAI, која ја надгледува комерцијалната подружница управувана од 38-годишникот. А Алтман, од друга страна, наводно го навел отстранувањето на одборот и прегледот на менаџментот на OpenAI како предуслов за неговото враќање во компанијата.

Ако враќањето на Алтман биде официјално, тој ќе биде четвртиот извршен директор на OpenAI за пет дена.

Управниот одбор на OpenAI го отпушти Алтман минатата недела затоа што не бил „искрен во своите комуникации“, но одби да даде дополнителни детали за кои комуникации мислел. Еден од членовите на OpenAI негираше дека соборувањето на Алтман е поврзано со безбедносни грижи, поради пошироките стравувања изразени од експертите дека развојот на вештачката интелигенција станува пребрз.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП