Преку едукативната програма „А1 Academy” иницирана и спроведена од А1 Македонија уште една група млади на возраст од 18 до 25 години имаа можност да ја реализираат својата страст за учење и стекнување дигитални вештини преку една од најатрактивните и модерни теми – Digital Marketing.
“Заокружуваме уште еден успешен модул на нашата А1 Академија. Учесниците се уште еднаш покажаа огромен интерес и мотив за стекнување нови дигитални вештини. Продолжуваме со нашата иницијатива, а тоа е да им се даде на младите доверба и вештини, како и придонес во креирањето и насочувањето на нивниот личен и професионален развој. Наскоро следува модулот Business Analytics, ги охрабруваме сите млади кои сакат да бидат дел од оваа успешна приказна да ги следат сите активности на A1 Academy” – изјави Елена Димовска, раководителка на одделот за корпоративни комуникации.


