4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Останавме без храна и без лекови, ги трошиме последните залихи“ – многу...

„Останавме без храна и без лекови, ги трошиме последните залихи“ – многу села зависат од возот Скопје-Битола

Во последните неколку месеци, многу села во околината на Велес и Прилеп се соочуваат со сериозен проблем: немаат никаков превоз до градовите.

Поради нефункционирањето на Македонски железници – транспорт, единствената линија која ги поврзува овие села со Скопје и Битола е прекината, а до некои села нема ниту пат за автомобили.
Ова значи дека жителите на овие села се буквално отсечени од светот и немаат пристап до основни услуги и продукти.

Тие не можат да појдат на работа, на училиште, на лекар, на пазар, или да посетат роднини и пријатели.

Ова им го загорчува животот и ги изложува на ризик од социјална изолација и сиромаштија.

Еден од жителите на прилепското село Стровија, кој сака да остане анонимен, ни ја даде следнава изјава:

„Во селото живеат претежно стари лица, кои не поседуваат превозно средство. Поради тоа што нема возови, тие немаат како да појдат во Прилеп за да ги испазарат основните продукти. Тие се принудени да се снаоѓаат со она што имаат во селото, или да бараат помош од некој кој има кола. Тоа е многу тешко и нечовечки. Голема срамота е тоа што во 21 век немаме возови“, вели нашиот соговорник.

Инаку, како што дознаваме, поради расипана локомотива не сообраќа возот од Скопје за Битола, кој застанува во Прилеп, Велес и попатните станици.

Локомотивата е расипана од минатиот понеделник, а кога по три дена штрајк, овој како и останитете возови, требаше повторно да сообраќаат, се расипа локомативата, информираат од „Македонски железници“.

Оттаму информираат дека забрзано се работи на оспособување на локомотивата и очекуваат повторно да биде пуштена во сообраќај оваа среда или четврток.

Додека тоа не се случи, жителите на овие села ќе останат заробени во своите села, без надеж за подобра иднина.

Б.З.М.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП