28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAxapta Masters обележува десет години на извонредност и успеси

Axapta Masters обележува десет години на извонредност и успеси

Axapta Masters, лидер во областа на Microsoft решенија во Македонија го прославува својот десетгодишен успех како домашна компанија која забрзано се движи кон се поголемо и позначајно глобално присуство како еден исклучителен Microsoft Solutions партнер.

Започнувајќи како стартап компанија пред десет години, во текот на последната деценија, Axapta Masters постојано растеше, градеше успеси, иновации и тимска соработка. Несомнено компанијата го оствари својот визионерски пат кон извонредност. Со неуморна работа, целосно посветени на клиентите, воведувајќи најсовремени решенија за нивните бизниси Axapta Masters ги подигна стандардите и границите на професионалното работење.

“Нашето патување започна во 2013 година со идеја да го трансформираме начинот на кој бизнисите функционираат преку релевантни и иновативни решенија. Тим од помалку од 10 луѓе работеше несебично со голема желба и ентузијазам за да успееме и постепено да растеме. Денес сме глобално добро познато име, со голем број на соработници, енормно голем број на успешно реализирани проекти, повеќе од 250 професионалци и канцеларии во повеќе држави низ светот”.

На гала вечерта по повод прославата на големиот јубилеј, претставниците од менаџментот на компанијата истакнаа дека се посебно горди на обединетиот и силен тим, нивната страст, иновативност и напорна работа.

Неоспорниот успех на Axapta Masters во изминатите десет години доволно говори за исклучителниот капацитет на компанијата и непрекинатиот развој во индустријата, заслужувајќи ја репутацијата како партнер што го обезбедува најдоброто во своите области и што е водечки во иновативни и креативни решенија за бизнисите ширум светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП