4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГеоргиева: Каматните стапки може да останат високи до 2025 година

Георгиева: Каматните стапки може да останат високи до 2025 година

Каматните стапки ширум светот би можеле да останат високи до 2025 година, изјави извршната директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева.

„Инфлацијата се забавува, очекуваме вкупниот број да падне на 4,8 отсто во 2024 година, од девет отсто минатата година“, рече таа на состанокот на лидерите на меѓувладиниот форум на Азиско-пацифичката економска соработка (APEC) одржан во Сан Франциско, пренесува Anadolu.

Основната инфлација се уште заостанува, а заклучокот е дека, за жал, треба да се подготвиме за продолжување на повисоките каматни стапки до 2024 година, а можеби и до 2025 година“, додаде Георгиева.

Таа рече дека ММФ предвидува дека глобалниот економски раст ќе достигне три проценти и за тековната и за 2024 година и додаде дека среднорочните изгледи за раст остануваат слаби.

„Глобалниот раст е нешто подобар од проекциите што ги имавме кога се сретнавме минатата година, но сме под годишната траекторија на раст од 3,8 проценти од претходните три децении“, рече Георгиева.

ММФ испрати порака до централните банки да продолжат да бидат внимателни и навремено да ги соопштуваат своите намери врз основа на податоците со кои располагаат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП