30 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАQuasar IV: Паметен телефон кој неможе да се хакира!

Quasar IV: Паметен телефон кој неможе да се хакира!

qashalpa

Компанијата „QSAlpha“ објави дека започнува со сериското производство на својот паметен телефон „Quasar IV“. Од компанијата тврдат дека уредот го има најсигурниот софтвер и неговото хакирање е речиси невозможно .

„Quasar IV“ ќе започне да се испорачува во втората половина на 2014-та година. Оперативниот систем на смартфонот е базиран на „Android“, но е надграден со системот и технологијата на „Quatrix“.

„QSAlpha“ го одредува уредот како „шифрон“ . Системот „Quatrix“ автоматски го потврдува идентитетот на другите корисници на „Quasar IV“ телефоните, пред да се испрати информација. Секој корисник ќе има свој уникатен клуч за идентификација кој е шифриран во чипот на телефонот. Без него пристапот до уредот е невозможен.

Телефонот располага со 4 -core процесор, 3GB RAM меморија и 64GB или 128GB место за чување на податоци. Покрај тоа, компанијата ќе обезбеди и 128GB во шифрирана „cloud“ услуга. Уредот ќе располага со „LTE“, „3G“, „GSM“, „GPS“, „WiF“  и „NFC“ модули и ќе биде насочен кон бизнис и потрошувачите, кои бараат безбедност на своите информации.

„Quasar IV“ ќе е паметен телефон од највисока класа. Тој ќе има 13 MP камера на задниот панел и 8MP предниот. 5 -инчниот дисплеј ќе е со „Full HD“ резолуција. Вградената батерија ќе има капацитет од 3300mAh, а метално куќиште е и водоотпорно.

Се очекува уредот да се најде на пазарот најдоцна до јуни 2014-та година. Цената на верзијата со 64GB ќе е 855долари, додека моделот со 128GB ќе биде за отприлика 100 долари поскап.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП