6 октомври, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕК сака да ги продолжи итните енергетски мерки за една година

ЕК сака да ги продолжи итните енергетски мерки за една година

Европската комисија сака да ги продолжи за една година вонредните енергетски мерки од минатата година, кои ги усвои со цел Европската унија да се справи со гасната криза и да се заштити од идните остри скокови на цените на енергијата и брзо да се префрли на обновливи извори на енергија, изјави неименуван висок функционер на Унијата за Ројтерс.

Функционерот истакна дека ЕК размислува да ги продолжи за една година тие мерки кои истекуваат за неколку месеци.

ЕК ќе предложи продолжување на мерките откако ЕУ ќе постигне договор за новите правила на пазарот на гас, рече претставникот, наведувајќи дека тие преговори треба да завршат овој месец, но дека тие може да се прелеат во декември.

Горната граница на цената на гасот ги подели земјите-членки на Европската унија.

Некои земји, вклучително и Германија, предупредија дека ограничувањето на цената може да го попречи снабдувањето од светските пазари на гас, додека Франција, Полска и други земји бараат да се прошири мерката за да се спречи инфлацијата.

Енергетската ситуација во Европа во моментов е поповолна отколку во текот на минатата зима – благодарение на земјите кои обезбедија увоз на гас од други земји и го зголемија складирањето на гас, наведува Ројтерс.

Русија минатата година ги намали испораките на гас за Европа, што предизвика енергетска криза во Европа и доведе до рекордно високи цени на енергијата и висока инфлација.

Европската унија усвои голем број мерки за справување со енергетската криза – вклучително и ограничување на цената на гасот и побрза транзиција кон обновливи извори на енергија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП