Волонтери од Телеком и од Сојузот на извидници, заедно со Национални шуми, учествуваа во заедничка еко акција за целосна обнова на шумите во Источниот регион. Насадени се нови 10 000 дрвца на површина од 4 хектари, во Делчево – Стар Истевник, регион чиј зелен појас беше оштетен од шумски пожари во 2020 – 2021 година. Оваа акција е дел од партнерството на Телеком со Сојузот на извидници, преку проектот „Боренка“.

„Боренка“ е еко иницијатива за обнова на опожарени региони во која може да учествуваат сите: како креатори на виртуелната шума или како волонтери за пошумување преку Сојузот на извидници и општините. Во виртуелната шума на www.borenka.mk секој може да нацрта и да засади свое виртуелно дрвце. Македонски Телеком се обврза за секое нацртано дрвце во Источниот регион да насади природно. Во заедничката акција за пошумување во која учествуваа над 100 волонтери: вработени во Телеком и извидници, виртуелната магента шума стана природна.




