2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЏино Гуацини се здоби со орден за заслуги “Ѕвезда на Италија“

Џино Гуацини се здоби со орден за заслуги “Ѕвезда на Италија“

По повод отворањето на Неделата на италијанската кујна, Aмбасадорот на Италија Силвестри, му врачи орден за заслуги “Ѕвезда на Италија“ на г. Џино Гуацини, успешен претприемач во секторот за производство на обувки и сопственик на познатиот италијански ресторан „Кај Џино“ во Скопје. 

Ова значајно признание му беше доделено од претседателот на Републиката, Серџо Матарела, за неговите заслуги во промовирањето на италијанските вредности во претприемачкиот сектор, и воедно, на италијанската култура во Северна Македонија. Благодарение на неговите професионални вештини, ресторанот со кој управува г. Гуацини денес претставува референтна точка за италијанската кујна во Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП