28 април, 2024
ПочетнаСВЕТУШТЕ ЕДНА МИСТЕРИОЗНА СМРТ ВО РУСИЈА: Генералот Свиридов го прозва Путин и...

УШТЕ ЕДНА МИСТЕРИОЗНА СМРТ ВО РУСИЈА: Генералот Свиридов го прозва Путин и беше пронајден мртов со сопругата!

Одликуваниот генерал-полковник Владимир Свиридов (68) и неговата сопруга Татјана (72) беа пронајдени мртви набргу откако висок руски воен офицер го критикуваше Владимир Путин за, како што рече, армија од „трета класа“.

Поранешниот командант на руската противвоздушна одбрана своевремено го критикуваше Путин за фактот дека руските воздухопловни сили денес се – „третокласни“.

Инспекторите не можеа да утврдат како починале Свиридов и неговата сопруга Татјана. Но, тука не е крајот на чудноста во оваа приказна: откако брачната двојка беше пронајдена мртва во нивната куќа во селото Аџиевски во Ставрополската област, телата исчезнаа, открива The Sun. Така, властите не можеле да ја утврдат точната причина за нивната ненадејна смрт, објавија локалните медиуми.

„Работниците на гасната постројка извршиле мерења и не е откриен вишок на дозволена концентрација на штетни материи“, е единственото што пишува во извештајот за нивната бизарна смрт.

Генералот Свиридов еднаш командуваше со 6-та армија на руските воздушни сили и воздушна одбрана од 2005 до 2009 година. Добитник е на Орден на Црвена звезда и низа други награди. Ја напуштил улогата на командант кога имал 54 години по серијата остри коментари за руските вооружени сили.

Во интервјуто, Свиридов предупреди: „Пилот мора да има околу 100 часа лет годишно за целосна борбена готовност. Сепак, тоа сè уште не е случај. Просечното време на летот во војската во моментов е 25-30 часа.

Во друго појавување тој се пожали: „Принудени сме да назначуваме нецелосно обучени службеници бидејќи нема подобри. Од истата причина, испраќаме пилоти од трета класа во воените академии. Ова не се случило во минатото!“

Беше лут што ниските плати и лошите станови ги принудуваа искусните офицери да ја напуштат армијата.

„За жал, секој втор наш вработен нема сместување. До 10 проценти од младите офицери прават се што е во нивна моќ предвремено да се пензионираат“.

Тој побара од Путин „да создаде нормални услови за живеење за младите офицери, како и за сите војници, за да можат правилно да ги извршуваат своите службени должности“, пренесува The Sun.

Да потсетиме, минатиот месец почина еден од врвните менаџери на втората по големина руска нафтена компанија, што е последно во низата чудни смртни случаи на руски нафтени тајкуни. Владимир Некрасов (66), претседател на одборот на директори на Лукоил, наводно „ненадејно“ починал во својот дом во Москва.

Претходно, тајкунот Равил Маганов (67) падна од прозорецот на елитна московска болница. Милијардерот Александар Суботин (43), исто така поврзан со енергетскиот гигант Лукоил каде што беше врвен менаџер, беше пронајден мртов откако „зел совет од шаман“. Во август ненадејно починал и Генадиј Лопирев (69). Тој почина само 24 часа откако му беше дијагностицирана тешка болест …

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП