Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека Русија „може да создаде нови кризи на Балканот и во Молдавија“ со цел да го оттргне вниманието од војната во Украина.
„Денес сите зборуваат за кризата на Блискиот Исток. Но, како што искрено кажав, овој проблем не е од вчера. Не е ниту од завчера. Сите знаат за овој долгогодишен конфликт и војна, но никој не сака да стави крај. Ние сме сигурни, на Блискиот Исток Русија стои зад војната со нивниот сојузник Иран“, рече Зеленски, пренесе украинската агенција Интерфакс.

