Според податоците кои ги објави Народната банка за периодот заклучно со 30.09.2023 покажува дека банките во Македонија продолжуваат и повеќе од успешно да работат и покрај континуираните економски и политички нестабилности во светот во изминатиот период.
За периодот јануари-септември 2023 банките заработиле рекордни 12,119 милиони денари или речиси 200 милиони евра.
Големата тројка НЛБ, Стопанска и Комерцијална банка заедно заработиле околу 130 милиони евра, но и на малите банки им оди и повеќе од добро… Финансиските извештаи објавени на Македонската Берза покажуваат одлични резултати за сите.
НЛБ со профит од 39.6 милиони евра
Нето-приходите од камати биле 47,1 милиони евра, од провизии и надоместоци 29,3 милиони евра, курсните разлики изнесувале 4,3 милиони евра и под ставката останати се заведени 4,6 милиони евра.
Стопанска Скопје со профит од 40,3 милиони евра
Нето-приходите од камати биле 67,8 милиони евра, од провизии и надоместоци 19 милиони евра, од курсни разлики 1,8 милиони евра и останати приходи од дејноста биле 6 милиони евра.
Комерцијална со профит од речиси 50 милиони евра
Нето-приходите од камати биле 62,2 милиони евра, од провизии и надоместоци достигнале 13 милиони евра, од нето курсни разлики 4,4 милиони евра, под ставката останати приходи од дејноста се заведени 3,6 милиони евра.