27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Renault“ формира нов автомобилски бренд

„Renault“ формира нов автомобилски бренд

Францускиот автомобилски гигант го најави лансирањето на сосема нов бренд, „Ampere“.

Новата компанија ќе се занимава исклучиво со електрични автомобили и ќе го користи богатото 15-годишно искуство на „Renault“ во производството на такви возила. Марката „Ampere“, именувана по францускиот физичар Андре Мари Ампер, основачот на науката за електромагнетизмот, по кого е именувана основната единица на системот „SI“ за јачината на електричната струја (ампер).

Новиот бренд ќе биде посветен исклучиво на развој и производство на електрични автомобили и софтвер кој ги контролира системите во таквите возила. Нејзината цел е да произведува електрични возила по пристапни цени, односно да ги направи достапни за сите клиенти на европскиот пазар.

Групацијата „Renault“ веќе го префрли на новата компанија управувањето со 11 локации во Франција, вклучително и четири индустриски погони: центарот „ElectriCity“, кој вклучува фабрики во Дуе, Мобеј ​​и Руи и фабрика во Клеон.

Како што се наведува, од првиот ден во компанијата „Ampere“ работат повеќе од 11.000 луѓе, од кои 35 проценти се инженери вработени во развој и производство, а со компанијата раководи Лука де Мео, генералниот директор на компанијата „Renault“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП