6 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАAcer C720 - лаптоп што стартува за 7 секунди

Acer C720 – лаптоп што стартува за 7 секунди

acer laptop

Компанијата „Acer“ го претстави својот нов лаптот „Acer C720 Chromebook“ кој стартува за 7 секунди и чија батерија трае и до осум ипол часа.

Благодарејќи на „Solid State“ од 16GB, целиот систем од состојбата „sleep“ се активира во истиот момент.

Новиот „C720“ лаптоп е за 30 проценти потенок од својот претходник, тежок е 1.3 килограми и ќе биде понуден со „anti-glare“ дисплеј. „Acer“ го претстави својот нов лаптоп само 24 часа откако „HP“ го откри својот „Chromebook“ лаптоп за кој тврдат дека е еден од најлесните лаптопи на светот.

„Acer C720“ има „HD“ екран од 11.6 инчи и „Intel Celeron 2955U“ процесор, како и батерија која може да трае до осум ипол часа.

„HP Chromebook 11“ има екран со слични димензии, но го користи процесорот „Samsung Exynos 5250“, а батеријата му трае до шест часа.

Двата компјутери работат на оперативниот систем на „Googlе“, но адутот на „Acer“ во продажба ќе биде пуштен во ноември, скоро еден месец по новиот лаптоп на „HP“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП