Компанијата ОKTA АД Скопје, денеска во соопштение преку Македонската берза потврди дека Пуцко Петрол ја зголемил сопственичката структура на 11,05 отсто во компанијата.
Постапувајќи согласно член 38 од Правилата за котација на Македонска Берза АД Скопје, ОКТА АД- Скопје објавува дека, по соодветно известување, Пуцко Петрол ДООЕЛ Скопје ја зголеми својата сопственост за 1,565 акции, достигнувајќи вкупно 93,530 акции, што одговара на 11,05% од вкупниот број на акции, се вели во соопштението.

